Како да се избере вистинската професија
На 7 април, 2023 YES алумната, Ивана Китаноска, организираше работилница на тема „Како да се избере вистинската професија - исполнета работа“. Настанот се фокусираше да им помогне на средношколците да ги изберат нивните идни кариери. Изјавата на Ивана за нејзиниот проект: „Денес, во соработка со YES програма и мојот факултет, ја имавме една од најголемите работилници. Јас кога бев во средно училиште ги имав истите прашања како и секој ученик во денешно време: „Што ќе правам?
Каков ќе биде мојот живот? Дали сум на вистинската патека? Дали ќе имам сигурна работа?“ Секогаш посакував да присуствувам на ваква работилница или да имаше некој што ќе ми помогне со овие прашања и ќе ми помогне да не се чувствувам вознемирена околу нив. Мислам дека ова им помогна на повеќе ученици отколку што всушност очекував. Би сакала да изразам голема благодарност до неверојатниот тим од алумни, колеги и професорот, кои помогнаа во организацијата на целиот настан и сите што одвоија време да присуствуваат на работилницата“.
Имаше околу 90 учесници на работилницата. Ние сме горди на иницијативата што ја презеде нашата алумна.