Обележување на Global Youth Service Day (Глобален ден за младинска служба)

Од 10 до 13 април, 2023, Исидора Стефаноска со помош на волонтер организираше едукативна четиридневна работилница „Засади младо семе“ во основното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје. Проектот опфати едукација на 100 деца на возраст од 5-12 години за еколошки прашања и нивно учење на вистинските навики за заштита на нашата животна средина. Децата учествуваа на интерактивна презентација за еколошката свест, загадувањето и рециклирањето, а потоа засадија цвеќиња во дворот на училиштето за да поттикнат проактивно вклучување во животната средина. Целта на овој проект беше да се подигне свеста за заштита на животната средина, конкретно фокусирајќи се на негување на правилни навики кај младите умови. Исодора се фокусираше на помладата генерација со надеж дека ќе всади чувство на одговорност и грижа за животната средина кај идните генерации. Давајќи им на децата опиплив начин да придонесат во проектот, тие можеа да научат за моќта на колективната акција и нивната способност да направат промена. Влијанието на проектот имаше поголем импакт од основна едукација на децата кои учествуваа.

Учесничката на YES Abroad програмата, Изабела Ластомирски, организираше настан за членовите на НВО “Дневен центар Доза Среќа”, Здружение за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром во рамиките на Global Youth Service Day (Глобален ден за младинска служба). Користејќи глина за моделирање, сите направија сонце инспирирано од Талавера, традиционален мексикански стил на обработка на керамика.

Дополнително, секој учесник направи нешто што потсетува на природата.

Previous
Previous

Тамбура, македонски народен жичен инструмент

Next
Next

Како да се избере вистинската професија