За Американски совети за меѓународно образование С. Македонија

За Американски совети за меѓународно образование С. Македонија

Скопје е главниот град на Северна Македонија, родното место на Мајка Тереза и дом на Американски совети за меѓународно образование Северна Македонија од 2003 година. Денес, Американски совети за меѓународно образование С. Македонија нуди програми за ученици од средно образование од С. Македонија и САД и е домаќин на студенти-практиканти од Универзитетот Lehigh.

Американски совети за меѓународно образование С. Македонија соработува со Амбасадата на САД во државата, Американските катчиња, Министерството за образование и наука, Македонско-американската алумни асоцијација и многу локални средни училишта, универзитети и невладини организации.

За Американски совети за меѓународно образование

Најуспешните и најпосветените светски институции работат со Американски совети за меѓународно образование преку културна размена, јазични обуки и професионален развој.

Од 1974 г. нашето образовно портфолио постојано се зголемува и вклучува 184 држави од важност за државната безбедност, просперитет и мир. Нашите програми се поддржани со темелно истражување со цел да се осигура нивниот квалитет и интегритет. Преку нашите учесници се опфаќа широк спектар на ученици и студенти од средношколци до пост-докторанти и професионалци.

До денес, имаме изградено заедница на повеќе од 120,000 алумни, вклучувајќи државни лидери, членови на собрание, амбасадори и извршни директори.

Мисија
Американски совети воведуваат иновации во областа помеѓу образованието, економскиот раст и дипломатијата преку вклучување на луѓето во квалитетно и напредно учење и преку градење стратешки мрежи меѓу американците и луѓето ширум светот со цел да придонесат кон заеднички мир и просперитет.

Визија
Свет каде што образованието отвара можности за напредок и трансформација помеѓу Соединетите Американски Држави и другите нации, овозможувајќи им на луѓето и институциите да се прилагодат, да водат и да напредуваат.

Прочитајте повеќе за нашата политика на приватност на овој линк.

 

Контакт:

Весна Наумовска, Директор

mk@americancouncils.org

+389 (0)2 3076 522

Булевар ВМРО 7/1-7
1000 Скопје
Северна Македонија