IDUEP Дебата со Теодора Бошкова: „Инклузивни процеси кон интеграција во ЕУ“

На 3 април, 2023 YES алумната Теодора Бошкова водеше отворена дебата: „Процесот на пристапување на Македонија во ЕУ - Синергии и најдобри практики“. Настанот се одржа во Американското катче во Скопје и беше коорганизиран со Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи (IDUEP).

Говорници на настанот беа Александар Ивановски, директор на CFETax Advisers Europe и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на IDUEP. Фокусот на дебатата беше ставен на „Инклузивните процеси кон интеграција во ЕУ“. Цитат од Теодора: „За секој млад човек, стекнувањето различни искуства е од големо значење во периодот на развој. Верувам дека искористувањето на позитивни и негативни искуства од земјите на ЕУ, како и од САД, може да биде само предност за нас младите. На овој начин се отвораат повеќе и подобри можности за градење на иднина каква што заслужуваме. Тоа е европска иднина, каква што имаат нашите врсници од Европската Унија, сите заедно обединети“.

 

Previous
Previous

Како да се избере вистинската професија

Next
Next

YES Abroad учениците во посета на Битола