Учество на YES Алумната Ивана Китаноска‘20 на самитот BOLD во Сјеница, Србија
Ивана Китаноска‘20, претставник на YES Алумни заедницата во Северна Македонија ја имаше честа и привилегијата да се сретне со г-ѓа Елизабет М. Ален, државен потсекретар за јавна дипломатија и односи со јавноста, на самитот BOLD во Сјеница, Србија. За време на самитот, учесниците разговараа за теми како претприемништво и градење меѓурегионални мрежи. Ова беше можност за поврзување со луѓе од различни земји во регионот.