YES Abroad на посета во Битола
На 27-28 април Американската група замина на патување во Битола. Во текот на патувањето тие го истражуваа централниот плоштад на градот, го посетија археолошкиот локалитет Хераклеја и планинареа на планината Пелистер. Уживајќи во локалната кујна и прекрасните глетки, тие имаа и часови по албански со нивниот професор по јазик и научија многу нови фрази. Ова искуство беше одлична можност за групата да го истражи едниот од најстарите градови во Македонија и неговата историја што придонела да биде познат како „Градот на конзулите“. Исто така, тие научија дека територијата на Битола била основана како „Хераклеја Линкестис“ во средината на IV век пред нашата ера од Филип II Македонски.