Работилница во СОС Детско Село
На 23 мај, Николија Златевска 23' организираше работилница за изработка на медали во соработка со СОС Детско Село. За овој проект Николија собра пет учесници и над 15 деца за да изработи медали од глина кои ќе им бидат доделени на учесниците на маратонот. Освен тоа, децата уживаа и во колачиња, танцуваа и играа фудбал со еден од присутните алумни.