Учесниците на YES програмата заминаа во САД

Kennedy-Lugar Youth Exchange and Study (YES) програмата е основана од страна на американскиот Конгрес во октомври 2002 како одговор на настаните од 11 септември. Оттогаш, YES програмата извршила влијание на повеќе од 14,500 ученици од 45 држави. Програмата официјално започна во С. Македонија во 2009. Со најновата група на нововратените ученици, имаме 178 YES алумни.

17 ученици од С. Македонија заминаа во САД и го започнаа своето YES патување.

YES програмата им нуди на учениците можност да научат за луѓето и културата на Соединетите Американски Држави. YES учесниците се исто така млади амбасадори кои ги учат американците за луѓето и културата на нивните земји. Учениците се стекнуваат со разбирање за други култури и развиваат чувство на сензибилност кон нив, искусуваат личен раст и независност, и стануваат подобрo подготвени за еден сè повеќе меѓузависен свет. Учениците создаваат силни врски со нивните семејства домаќини и американските заедници каде живееле, градејќи врски што често траат доживотно. Многу алумни се запишуваат на престижни универзитети по нивното враќање дома и потоа наоѓаат возбудливи работни места каде ги применуваат вештините стекнати за време на престојот во САД.

Previous
Previous

Програмата “Иницијатива за изучување балкански јазици” (The Balkan Language Initiative -BLI program) во С. Македонија

Next
Next

Посета на Амбасадата на САД во Скопје