Програмата “Иницијатива за изучување балкански јазици” (The Balkan Language Initiative -BLI program) во С. Македонија

BLI програмата нуди летни обуки во времетраење од осум недели и едно или двосеместрални интензивни високо индивидуализирани јазични обуки.

Учесниците учат албански, босански, бугарски, хрватски, македонски, црногорски и српски во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Преку престој во семејства, партнери за разговор, формални часови и широк опфат на дополнителни активности, учесниците имаат неповторлива можност да навлезат и да бидат активно инволвирани во секојдневниот локален живот.

Студентите од BLI програмата, Ендру Мејрс и Бенџамин Хиат пристигнаа во С. Македонија пред 3 недели и го започнаа своето 9-месечно долго патување. Двајцата ученици живеат во локални семејства домаќини, активно се навлегуваат во културата со голема посветеност на изучување на јазикот и дружење со локалното население. Студентите на BLI програмата го прошируваат своето знаење и искуство со неделни планирани културни и воннаставни активности и веќе активно го користат македонскиот јазик во секојдневниот живот.

Previous
Previous

Одбележување на Денот на независноста на Македонија

Next
Next

Учесниците на YES програмата заминаа во САД