Презентација на “Capstone Projects”

Учесниците на YES Abroad програмата, Абигејл, Изабела, Лејн и Рејчел се блиску до последните денови од годината на размена.

Тие станаа дел од локалната заедница, оформија длабоки врски со семејствата домаќини и пријателите и покажаа успех на академска план. Учесниците продреа подлабоко во локалната култура и избраа теми заснована врз своите страсти и локално искуство за да ги создадат своите годишни “Capstone Projects”.

Проектите ги презентираа на 30 мај, 2023 година, во Американското катче Скопје пред претставници на Амбасадата на САД, семејствата домаќини и персоналот на Американски совети. Почнувајќи од теми поврзани со културата на кафето, до младинските ставови, јавната уметност па сè до информатичката наука, присутните имаа можност да ги погледнат нивните проекти и културни аспекти од поинаков агол и да научат уште повеќе.

Секоја чест за сите учесници на YES Abroad програмата за успешната година. Со нетрпение чекаме да видиме како ќе го споделат ова искуство со светот.

Previous
Previous

20-годишнина на YES програмата

Next
Next

Ориентација на крајот на годината