Запознајте ги волонтерите и Кампањата Loesje

На 24 јуни, 2023 YES алумната Исидора Стефаноска и волонтерката Елина Нуредини, организираа настан на кој се собраа алумни и волонтери од YES програмата на настан исполнет со игри, вмрежување и проектна соработка. Преку активности, учесниците повторно се поврзаа, споделија искуства и работеа на идни иницијативи. Имаше вкупно 18 учесници од кои 7 беа YES алумни.

Истиот ден, Исидора Стефаноска организираше кампања во соработка со алумни од Косово, Босна и Бугарија за споделување цитати како Кампањата Loesje. Loesje е холандска организација позната по креирање постери кои ги предизвикуваат луѓето на размислување, со духовити слогани за социјални прашања. Нивната цел е да стимулираат критичко размислување и да промовираат дијалог, користејќи ја креативноста и хуморот како нивни алатки. 11 волонтери од Скопје ги делеа цитатите на луѓето што шетаа на плоштадот. Ова се некои од цитатите: „Емпатијата е како љубезните срца да дишат“, „Ако сакате да го промените светот започнете со менување на сопствената сијалица“, „Колку подолго ја чекате иднината, толку пократко ќе биде“.

Previous
Previous

Семинар за повторно прилагодување

Next
Next

20-годишнина на YES програмата