Програма за младинска размена и студирање „Кенеди-Лугар“ (YES)

Преку програмата за младинска размена и студирање Кенеди-Лугар (YES) на Американскиот Стејт департмент, средношколци од земји од стратешко значење низ целиот свет живеат и учат едeн училишен семестар во Соединетите Американски Држави. YES учениците служат како „младински амбасадори“ на нивната матична земја преку формирање трајни врски со нивните семејства домаќини и заедници. Учесниците живеат со семејство домаќини, посетуваат американско средно училиште, стекнуваат лидерски вештини и се вклучуваат во активности за да учат за американското општество; тие исто така помагаат во едукацијата на Американците за нивната матична земја и култура. Кандидатите се натпреваруваат за програмата YES преку ригорозен процес на селекција базиран на заслуги. Програмата YES е основана од Конгресот во октомври 2002 година. Програмата YES Abroad е основана во 2009 година за да обезбеди слично искуство за американските студенти (15-18,5 години) да поминат една академска година во одбрани YES земји.

Апликацијата за програмата YES за периодот јануари – јуни 2027 е отворена до 15 септември 2026 година

‍Аплицирај за незаборавно искуство во САД!

Дали си подготвен/а за нови предизвици, нови пријателства и животно искуство кое ќе те промени? Апликациите за YES Program за периодот јануари – јуни 2027 година се официјално отворени!

Преку програмата YES, ученици од Северна Македонија добиваат можност да поминат еден семестар во САД, да живеат со американско семејство домаќин, да посетуваат американско средно училиште и да станат амбасадори на својата земја и култура. Програмата е финансирана од Владата на Соединетите Американски Држави и им овозможува на младите да стекнат нови знаења, лидерски вештини и меѓународни пријателства кои траат цел живот.

Што обезбедува програмата?

Учесниците во YES добиваат:

✅ Повратен авионски превоз до и од САД;
✅ Месечен надоместок за лични трошоци и активности;
✅ Сместување кај внимателно избрано американско семејство домаќин;
✅ Посета на американско средно училиште;
✅ Подготвителни и ориентациски семинари пред заминување и по враќањето;
✅ Учество во локални активности и заедници низ САД;
✅ Здравствено осигурување за времетраењето на програмата.

Како изгледа процесот на селекција?

Селекцијата се спроведува во неколку фази и е базирана на заслуги, мотивација и подготвеност за разменско искуство.

Полуфиналистите ќе бидат поканети, заедно со нивните родители, на информативна сесија за програмата. Потоа следуваат интервју, тест по англиски јазик, пишување есеи и пополнување на конечната апликација.

Познавањето на англискиот јазик е важно, но не е единствениот критериум. Процесот на селекција ја опфаќа целокупната подготвеност на кандидатот да ја претставува својата култура, да се адаптира во нова средина и успешно да учествува во меѓукултурна размена.

Избраните учесници ќе отпатуваат во САД во јануари 2027 година, а ќе се вратат во Северна Македонија во јуни 2027 година.

Кој може да аплицира?

Може да аплицираш ако:

  • Си роден/а помеѓу 15 јули 2008 и 15 јули 2011 година;

  • Во учебната 2026/27 година си ученик во прва, втора или трета година средно образование;

  • Имаш добар училишен успех или повеќе;

  • Поседуваш познавање на англиски јазик;

  • Си државјанин/ка на Северна Македонија;

  • Ги исполнуваш условите за добивање американска виза;

  • Не си престојувал/а во САД повеќе од 90 дена во последните пет години.

Програмата е отворена и за ученици со попреченост кои ги исполнуваат условите за учество.

Важни информации пред да аплицираш

Учеството во програмата претставува уникатна можност, но пред да донесеш одлука, разговарај со твоето семејство и училиштето за можните академски обврски по враќањето во земјата.

Образовниот систем во САД се разликува од македонскиот, па важно е однапред да размислиш како програмата ќе се вклопи во твоите идни образовни планови.

Подготвен/а си за следниот чекор?

Започни ја твојата апликација денес и искористи ја шансата да стекнеш нова перспектива, да ја претставуваш Северна Македонија во САД и да станеш дел од глобалната YES заедница.

Краен рок за аплицирање: 15 септември 2026 година.

Аплицирај на: ais.americancouncils.org/yes

Контакт за програмата

yes.mk@americancouncils.org

+389 2 30 76 522