Клуб за друштвени игри и виртуелна реалност
YES aлумнусот Давид Младеновски е многу страстен за виртуелни друштвени игри. Тој го сподели својот интерес со мрежата на YES алумни и со пријателите со организирање на виртуелен клуб за друштвени игри секоја недела навечер. Тоа стана тековен настан каде алумните можат виртуелно да се дружат на платформата ZOOM и да играат игри.
Во канцеларијата на Американските совети во Скопје, Давид организираше работилница за виртуелна реалност (VR) со цел да ги запознае алумните со светот на виртуелната технологијата. На работилницата учествуваа шест алумни на кои Давид им помогна да навлезат во магичниот свет виртуелната реалност, добивајќи увид во нејзината функционалност и историски развој. Давид имаше сеопфатна презентација за потеклото и еволуцијата на VR технологијата. За време на работилницата, секој учесник имаше можност да се запознае со различните VR апликации на оваа технологија во развој. Овој настан служеше како платформа за популаризирање и ширење на знаењето за VR технологијата во рамките на алумни заедницата, поттикнувајќи ја свеста и разбирањето за нејзините способности.
Изјавата на Давид за неговиот интерес:
„Откако станав YES алум, секогаш имаше две работи по кои бев препознатлив: моето хоби за друштвени игри и мојот интерес на полето на виртуелната реалност. За среќа, никого не разочарав кога станува збор за овие очекувања. Низ годините имав привилегија да ги поддржувам моите врсници да развијат свои работилници и идеи и затоа знаев на кого можам да се потпрам кога ќе дојде време да го започнам мојот онлајн клуб за друштвени игри. Овие многу неделни вечери ќе останат во моето сеќавање како времиња кога пријателите станаа уште поблиски. Сите веќе бевме навикнати за ја користиме ZOOM платформата за да останеме во контакт. Ги покануваме и алумните од други земји да се забавуваат со нас. Навистина, овие многу недели ми дадоа возбуда дополнително да ги споделам моите интереси, кулминирајќи со истражувањето на новонапредното поле на виртуелна реалност. Со мојата презентација за виртуелна реалност, на алумните им покажав како функционира сето тоа. Секој учесник имаше можност сам да проба и да влезе во виртуелниот свет. Оваа работилница ми овозможи да се изразам автентично преку споделување на страста што ја имав за одредени работи со други, и со тоа, се надевам, ќе ги инспирирам и другите да го сторат истото, за следните генерации“.