Работилница за изработка на разгледници

На 22 август 2024 година, четворица YES Алумни организираа работилница за изработка на разгледници во Американското катче во Скопје. Настанот предводен од Викторија Спасова '24, Емили Николов'24, Теона Геркоска'24 и Тамара Наумовска'24, опфати вкупно 10 учесници. Работилницата ги охрабри присутните да креираат разгледници што ги рефлектираат нивните летни искуства, посетените места и активностите во кои уживале. Имаше за цел да поттикне креативност, дружба меѓу учесниците и да овозможи тие да ги покажат и подобрат нивните уметнички вештини.

Previous
Previous

Конференција за градски претставници на крајот на годината

Next
Next

YES групата 2024/25 замина за Соединетите Американски Држави