Средба со претседателот на Република Северна Македонија

Учесниците во YES Abroad програмата беа поканети да се сретнат со претседателот на Р. С. Македонија, г-дин. Стево Пендаровски во рамките на #ОтворенКабинет.

Учениците беа на обиколка во работните простории, дознаа за протоколот кога странски државници го посетуваат претседателот, значењето на симболите употребени во мозаиците во кои се испреплетуваат културни, духовни и историски елементи. Тие беа запознаени и со симболот на ендемскиот македонски даб и важноста на бројот 8, што ја означува бесконечноста и безвременоста на земјата. Потоа ги пречека претседателот, кој како вистински домаќин одговори на голем број прашања што учениците ги имаа со кафе и сок и направи да се чувствуваат добредојдени. Како изненадување, учениците се сретнаа со најмладиот член на Кабинетот – малиот шарпланинец, овчарско куче, кое е тренирано да биде дел од македонската армија. Учениците се согласија дека ова беше прекрасен начин да се опкружи годината на размена.

Previous
Previous

Ориентација пред заминување (Pre-Departure Orientation – PDO) за финалистите на YES програмата

Next
Next

Семинар за повторно прилагодување