Re-Entry Семинар 2024
Од 3-5 јули, координаторот на алумни Игор Стојков и канцеларијата на Американски Совети во Северна Македонија го организираа семинарот за повторно враќање (re-entry) 2024 година во Хотел Сити Парк Скопје за штотуку вратените YES Алумни генерација од 2024 година. Сите 17 вратени алумни учествуваа на сесии поддржани од седум алумни и еден Фулбрајт асистент по англиски јазик. Сесиите опфатија теми како културен шок, обратен културен шок и структурата на Американските совети и вклученоста во заедницата на алумни YES. На групата им се обрати г-дин Газменд Илази од секторот за односи со јавноста при Амбасадата на САД. На вториот ден, беа организирани два панели: еден на кој учествуваа алумни од различни генерации и на друг на кој се приклучија шефови на партнерски организации.