Инспиративни говори на YES алумните - “YES Talks”
Говорите на алумни често се најинспиративните настани бидејќи даваат реални примери за успех. Алумните ги искусиле предизвиците и можностите кои доаѓаат со живеењето во друга земја и можат да ги искористат своите уникатни искуства за да ги мотивираат сегашните млади лидери. Понатаму, алумните имаат длабока врска со локалната заедница и можат да ги инспирираат врсниците да станат активни членови на заедницата. Слушањето говори од успешни алумни може да ги поттикне луѓето да постават амбициозни цели, да ги следат своите страсти и да станат лидери во својата област.
YES алумните Емилија Крстевска и Марија Арсовска дојдоа до идеја да организираат „YES Talks“ настан на кој имаше говори од шест алумни на различни теми. Настанот се оддржа на 18 јули, 2023 година во Младински Центар Чаир во Скопје. На настанот присуствуваа 25 луѓе.
Исидора Стафаноска
Митот за храброст: прифаќање на моќта на свесните избори
Николија Златевска
Зошто не треба да се плашите од летање?