На 11 мај, 2023 година, во Американското катче Скопје, YES алумните Максим Киранџиски и Дени Николовски организираа семинар за подигање на свеста за аутизмот. Настанот го водеше гостинот говорник проф. Мери Нолчева, дефектолог и образовен специјалист во ОУРЦ д-р Златан Сремец. Семинарот имаше за цел да ја подигне свеста за аутизмот и да ги едуцира присутните како ефективно да ги поддржат лицата со аутизам. Настанот обезбеди и платформа за присутните каде што можеа да поставуваат прашања и да дознаат повеќе за темата.