Студентите од Balkan Language Initiative (BLI) програмата го посетија Куманово

Приказна од Бенџамин Х. и Ендру М.:

Иако мала земја, С. Македонија е исполнета со природни убавини, споменици од минатото кои сведочат за различни делови од историјата, различни традиции, кујни и многу различности во секој соседен град. Студентите на BLI програмата го посетија градот Куманово и еве што имаат да кажат за тоа:

„Куманово е мал град во североисточна Македонија, блиску до српската граница. Влијанието на српскиот јазик е видливо во локалниот кумановски дијалект, кој во Македонија е познат по својот изразен звук, вокабулар и брзиот ритам. Куманово е исто така место на многу историски востанија и движења на отпорот во македонската историја, вклучително и Карпошовото востание во 1689 година, Кумановското востание во 1878 година, Кумановската битка во 1912 година и почетокот на востанието против фашизмот за време на Втората светска војна. Ова е причината зошто во градот има многу споменици.

Локално наречена „Камената жена“ официјално е позната како „Споменик на народната револуција“ и се наоѓа на видно место на градскиот плоштад.

Уште еден споменик на градскиот плоштад на партизаните, антифашистичко движење на отпорот за време на Втората светска војна, кое било активно во регионот“. - Бенџамин Х.

„За нашиот културен програмски дел од BLI програмата отпатувавме за Куманово. Тоа е мал град кој се наоѓа североисточно од Скопје. Градот е познат по своето разновидно српско и албанско население поради неговата локација во близина на границата со Косово. Катица, Бен и јас се сретнавме со еден локален македонски државјанин, кој е алумнус на YES програмата. Неговото име е Давид Младеновски. Додека беше на програмата живееше на Хаваи со три различни американски семејства, едното воено семејство. Најпрво ја разгледавме зградата на локалната самоуправа (Општината) а потоа заминавме на појадок каде јадевме бурек. Јас порачав со месо и јогурт и беше многу вкусен. По појадокот решивме дека е најдобро да одиме на кафе. Отидовме во локално кафуле и нарачавме слатки. Нарачав макијато, баклава и трилече на македонски.

По кафето, ја разгледавме локалната гимназија. Веднаш ги забележавме културните разлики во дозволата за посетители во училиштето. Во Америка не можете едноставно да влеземе во училиште, како што направивме во Куманово. Училиштето го доби името по македонскиот револуционер Гоце Делчев. Се сликавме и пред неговиот мурал насликан на училиштето.

Патувањето го завршивме со брз оброк во локален традиционален ресторан. Планиравме да нарачаме пастрмалија, но поради временските ограничувања се одлучивме да нарачаме чорба. Келнерот беше многу професионален и ни кажа како не зборува англиски, само француски како втор јазик. Чорбата ни ја сервира со мешавина од лук, масло и магдонос и леб. Беше многу вкусно. Беше прекрасно патување. Мораме да му се заблагодариме на Давид за тоа! Со нетрпение очекувам да патувам во други градови, да ги видам нивните специјалитети, особено нивните интересни културни аспекти“. - Ендрју М.


Previous
Previous

YES Abroad учениците се втурнаа во македонската култура за време на посетата на Прилеп и Крушево

Next
Next

Амбасадата на САД во Северна Македонија ја одбележа 20-годишнината од YES програмата за младинска размена и учење