Студентите од Balkan Language Initiative (BLI) програмата го посетија Гостивар

Гостивар е град во Северна Македонија, кој се наоѓа во горната полошка котлина. Името Гостивар – „Град на гостите“ доаѓа од словенскиот збор „gosti“ што значи „гости“ и турскиот збор „dvar“ што значи „замок“ или „тврдина“. Типична мултикултурна средина, во која живеат речиси сите националности во С. Македонија. Гостивар нуди незаборавно искуство и измешан вкус на култури.

На 4 октомври 2023 година, студентите од BLI програмата Бенџамин Хиат и Ендру Меирс заедно со нивниот професор по македонски јазик отидоа во Гостивар и ги посетија следните знаменитости и атракции:

Саат-Кула е една од најпознатите и најпрепознатливите градби во градот. Со неколку часовници вградени во Саат-кулата, таа сè уште е во функција и го покажува точното време.

Џамијата Беј Махала била изградена во 1688 година од страна на Ебу Бекир. Позната е и како Саат џамија, поради блиската Саат кула. Саат џамијата е навистина збогатувачко искуство.

На менито имаше и традиционални турско-албански јадења, а студентите имаат можност да вкусат качамак, трилече и баклава.

Еве што имаше да каже Андреј за ова јазично патување:

„Во средата со автобус отидовме во Гостивар. Времето беше прекрасно. Јадевме вкусен сладолед во продавницата за сладолед што беше отворена во тоа време. Утрото го пробавме специјалитетот качамак. Морам да кажам дека тоа не ми е омилено јадење. Потоа отидовме во џамија во Гостивар. Името на џамијата е Саат џамијата. Запознав интересна личност. Тој пее муслимански молитви во џамијата. На познатото место Рекорд јадевме вкусна баклава и трилече. Цел ден шетавме низ центарот на Гостивар со господинот Елеса. Попладнето од Гостивар се вративме со автобус. Ѝ дадов храна на една постара госпоѓа од ресторанот Качамак“.

Без разлика дали сте фасцинирани од архитектурата, заинтересирани да дознаете за отоманската историја или барате мирна атмосфера, исконските атракции во Гостивар нема да ве разочараат.

 

Previous
Previous

Амбасадата на САД во Северна Македонија ја одбележа 20-годишнината од YES програмата за младинска размена и учење

Next
Next

City Representative (CR) Kонференција во 2023 година