Волонтерска приказна на YES Abroad ученичката Софиа Серебро

„Отсекогаш сум имала страст да им помагам на луѓето и да бидам YES Abroad ученичка во странска земја ми даде шанса да имам позитивно влијание врз општеството овде. Се приклучив на организацијата Љубезност која ми дозволи да станам дел од нешто многу поголемо отколку што мислев. Секој викенд им доставувавме храна на повеќе од 100 бездомници во различни делови на градот. Не само што направив нови врски со локалното население, туку можев и да стекнам нови пријатели и да ги искористам моите вештини за македонски јазик! Приклучувањето кон оваа организација не само што ми дозволи да станам волонтер, туку да бидам и важен дел во животот на многу други луѓе во заедницата“.

Previous
Previous

Глобален ден на младинската служба, Дел 1 - Чистење на паркот во Радовиш

Next
Next

Работилница за дигиталната област во Амбасадата на САД во Скопје