Медиумска Писменост 101 со Марина Костова, Сакам Да Кажам
Во среда, на 9 јуни во 18 часот, е вториот настан, кој ќе биде пренесуван во живо, од серијата Медиумска писменост 101, со Марина Костова, заменик на главниот уредник во Сакам Да Кажам.
Марина ќе го сподели своето искуство како стручно лице за медиумска писменост и ќе понуди совети како да се забележат лажни вести. Публиката ќе има можност да поставува прашања во врска со темата за време на преносот во живо.