Иницијатива за изучување балкански јазици (BLI)
Програмата “Иницијатива за изучување балкански јазици” нуди летни обуки во времетраење од осум недели и едно или двосеместрални интензивни високо индивидуализирани јазични обуки.
Учесниците учат албански, босански, бугарски, хрватски, македонски, црногорски и српски во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Преку престој во семејства, партнери за разговор, формални часови и широк опфат на дополнителни активности, учесниците имаат неповторлива можност да навлезат и да бидат активно инволвирани во секојдневниот локален живот.
Учесниците се здобиваат со кредит преку Колеџот Bryn Mawr, институционален член на Американски совети. По успешно завршување на програмата, Bryn Mawr Колеџот издава:
- 8 додипломски/10 постдипломски кредити за летната програма
- 16 додипломски /15 постдипломски кредити за есенскиот или пролетен семестар
- 32 додипломски /30 постдипломски кредити за програмата за академската година
Да аплицирате за оваа програма, ве молиме посетете го следниот линк: https://acstudyabroad.org/bli/
Контакт за програмата
Весна Наумовска
vnaumovska@americancouncils.org
+ 389 (0)2 30 76 522