YES Програма (Македонски средношколци во Америка)

Кажи “да” наYES!

Спонзорирана од Бирото за развој на образованието и културата на американскиот Стејт Департмент, оваа програма им помага на учениците да негуваат трајни лични врски, да се вклучат во активности што промовираат заемно разбирање помеѓу култури, почит за различностите, воспоставување лидерски вештини и разбирање на граѓанското општество. Во исто време, учениците на YES им помагаат на американските соученици да го подобрат своето разбирање за различни држави и култури.

Kennedy-Lugar YES програмата е основана од страна на американскиот Конгрес во октомври 2002 како одговор на настаните од 11 септември. Оттогаш, YES програмата извршила влијание на повеќе од 14,500 ученици од 45 држави. Реципрочната Kennedy-Lugar YES Abroad програма се отвори за американските ученици во 2009.

Програмата официјално започна во С. Македонија во 2009 со надеж да се зголеми комуникацијата помеѓу граѓаните на двете држави со цел да се промовира заемно разбирање и почит. Оттогаш, секоја година до 20 македонски ученици на годишно ниво успешно ја завршуваат YES програмата и сега се членови на активната алумни заедница.

YES програмата се спроведува во партнерство со американскиот Стејт Департмент преку конзорциум од непрофитни организации предводени од Американски совети за меѓународно образование и вклучува бројни организации за распоредување и селекција. Во Северна Македонија, Американски совети за меѓународно образование ја спроведува програмата во партнерство со локалната Амбасада на САД преку нејзината Служба за Јавни Прашања.

Оnline апликацијата за YES програмата за учебната 2024-25 година е ЗАТВОРЕНА.

Регистрирајте се на следниот линк за да бидете меѓу првите кои ќе бидат известени кога ќе се отвори апликацијата во август 2024 за следната учебна година 2025-26.

Подолу, можете да ја прочитате брошура од минатата година за повеќе детали.

Контакт за програмата

yes.mk@americancouncils.org

+389 2 30 76 522