За Американски совети за меѓународно образование С. Македонија

За Американски совети за меѓународно образование С. Македонија

Скопје е главниот град на Северна Македонија, родното место на Мајка Тереза и дом на Американски совети за меѓународно образование Северна Македонија од 2003 година. Денес, Американски совети за меѓународно образование С. Македонија нуди програми за ученици од средно образование од С. Македонија и САД и е домаќин на студенти-практиканти од Универзитетот Lehigh.

Американски совети за меѓународно образование С. Македонија соработува со Амбасадата на САД во државата, Американските катчиња, Министерството за образование и наука, Македонско-американската алумни асоцијација и многу локални средни училишта, универзитети и невладини организации.

За Американски совети за меѓународно образование

Најуспешните и најпосветените светски институции работат со Американски совети за меѓународно образование преку културна размена, јазични обуки и професионален развој.

Од 1974 г. нашето образовно портфолио постојано се зголемува и вклучува 90 држави од важност за државната безбедност, просперитет и мир. Нашите програми се поддржани со темелно истражување со цел да се осигура нивниот квалитет и интегритет. Преку нашите учесници се опфаќа широк спектар на ученици и студенти од средношколци до пост-докторанти и професионалци.

До денес, имаме изградено заедница на повеќе од 94,000 алумни, вклучувајќи државни лидери, членови на собрание, амбасадори и извршни директори.

Мисија
Американски совети ги зајакнува меѓународните односи и заемното разбирање преку извонредност во академска, професионална и културна размена, учење на јазик, образовен развој и истражување.

Визија
Оспособување на поединци и институции да се сооочат со предизвиците во разновидниот и меѓусебно поврзан свет.

Прочитајте повеќе за нашата политика на приватност овде.

 

Контакт:

Весна Наумовска, Директор

mk@americancouncils.org

+389 (0)2 3076 522

Максим Горки 8/1-14
1000 Скопје
Северна Македонија