YES Abroad Програма (Американски средношколци во С. Македонија)

Американски средношколци добиваат стипендии засновани на заслуги за да учат и да живеат во странство во одбрани YES земји во период од една академска година.

Спонзорирана од Стејт Департментот на САД, програмата за размена и учење на млади Kennedy-Lugar (YES Abroad) обезбедува стипендии за квалификувани американски средношколци да учат и да живеат во странство во одбрани држави за една учебна година. Програмата YES Abroad започна во 2009 година како реципрочно продолжение на програмата за размена и учење на млади Кennedy-Lugar (YES) за ученици од светот од земји со значително муслиманско население.

YES Abroad учениците во сите YES Abroad држави служат како младински амбасадори на САД, промовирајќи заемно разбирање преку создавање трајни врски со семејствата-домаќини и заедниците. Учениците се здобиваат со лидерски вештини и се вклучени во активности за учење за другите и споделување на американските вредности и општество.

YES Abroad Програмата се спроведува од конзорциум на непрофитни организации предводени од Американски совети а ги вклучува и следните организации: AFS-USA, AMIDEAST, и iEARN-USA. Американски совети ја спроведуваат YES Abroad програмата во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија и Сенегал.

Програмата официјално започна во С. Македонија во 2014 година и оттогаш вкупно 46 YES Abroad алумни успешно ја завршија програмата.