City Representative (CR) Kонференција во 2023 година

Конференцијата за YES алумните, кои се избрани да бидат претставници на своите градови (City Representatives – CRs) се оддржа во септември во Битола, Северна Македонија. Целта на овој настан беше да се обучат 8-те CRs, со цел тие ефикасно да ги исполнат своите нови улоги. За време на конференцијата, учесниците се запознаа со одговорностите поврзани со нивните позиции, вклучувајќи го годишното планирање и буџетирање. Покрај информативните сесии, алумните имаа можност да ја запознаат Битола и сите нејзини убавини.

По CRs конференцијата, Борјан Георгиевски објави видео на Youtube каде што го претстави македонскиот CRs тим. Видеото го означува почетокот на тековната серија, чија цел е да се истакнат достигнувањата на алумните во текот на целата година. Овој стратешки пристап ја демонстрира посветеноста на поттикнување на транспарентноста и комуникацијата во мрежата на алумните, ефикасно прикажувајќи ја нивната посветена работа и иницијативи пред пошироката публика. Серијата видеа воедно ги промотивните активностите на алумните и служи како иновативна платформа за споделување на нивното влијание.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=weyqFEzpb4M

Previous
Previous

Студентите од Balkan Language Initiative (BLI) програмата го посетија Гостивар

Next
Next

Клуб за друштвени игри и виртуелна реалност